Вчера Тотенхем со убедливи 3:0 славеше на домашен терен против ЛАСК во првото коло од Лигата на Европа.
После натпреварот Жозе Мурињо во свој стил го прокоментира натпреварот, а посебно зборуваше за Пјер Емил Хојберг. Хојберг го засили Тотенхем во последниот преоден рок и прикажува навистина одлилчни настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одличен е, тој е нашиот капитен без лента во овој момент. Дриблаше одлично помина неколку играчи и на полувремето се шегувавме дека игра како Зидан, меѓутоа го предупредив да не претерува“, низ смеа изјави Португалецот.