Дома Фудбал Англија Mурињо по поразот од Арсенал го критикуваше Бејл

Mурињо по поразот од Арсенал го критикуваше Бејл

Иако во претходните неколку натпревари Герет Бејл беше еден од најдобрите на теренот кај Тотенхем, сега Португалецот го критикуваше Велшанецот.

Тотенхем вчера доживеа пораз и тоа еден од најболните, од градскиот ривал Арсенал. Мурињо како индиректни „виновници“ ги посочи Бејл и Ндомбеле кои ги замени на почетокот на второто полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ни недостасуваше интезитет. Беше неопходно да притискаме повеќе и да бидеме повеќе агресивини затоа излегоа Бејл и Ндомбеле. Беа многу бавни во првото полувреме. Јас сум виновен колку и играчите во првото полувреме. Но, мораме да бидеме чесни и да кажеме дека некои се криеа, без многу движење, без пас игра“…изјави Мурињо.

Бејл сезонава постигна 10 гола и додаде три асистенции на 24 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…