Tренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека на Премиер лигата ќе и треба време да се врати во вистинскиот ритам.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тимот веќе некое време тренира, а од оваа недела се дозволени лимитирани контакти во текот на тренинзите. Наскоро се очекува и ново ублажување на мерките донесени поради пандемијата.
И покрај тоа што до продолжувањето на Премиер лигата има уште три недели (17 јуни) Мурињо порачува дека навивачите не треба веднаш да го очекуваат најдоброто од играчите.
„Ние ќе се потрудиме да се спремиме за првото коло. Но кога ќе кажам спремни, не треба да го очекувате најдоброто од нас. Погледнете ја Бундеслигата, може да се види разлика помеѓу првото и третото коло. Мислам дека исто ќе биде и кај нас“, изјави Мурињо.
Потоа Португалецот зборуваше за неговите играчи.
„Момците се феноменални. Немам што да кажам на нивниот професионализам, начинот на кој се соочија со овој период. Навистина се фантастични. Секој ден, имаа одредено време во кое тренира. Беа пред камерата и заедно вежбаа“, заврши „специјалниот“.