Италијанските медиуми денес пренесуваат дека Синиша Михајловиќ е пред отказ во Болоња.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според она што се пишува претседателот Џои Сапуто не е задоволен со резултатите на Болоња. Тимот на Михајовиќ запиша само една победа во последните осум натпревари и се наоѓа на осмото место на табелата во серија А со 33 освоени бодови.




Српскиот тренер има договор со Болоња до 2023 година, а претседателот Сапуто е спремен да му пронајде замена на крајот на сезоната ако екипата не ги исполни очекувањата.




Како потенцијален наследник на Михајловиќ Италијанците го споменуваат Џенаро Гатузо. Михајловиќ Болоња ја води од 2019 година и во изминатиот период имаше сосема солидни резултати.