Дома Фудбал Италија Mихајловиќ им испратил порака на фудбалерите на Болоња по ремито со Милан

Mихајловиќ им испратил порака на фудбалерите на Болоња по ремито со Милан

Болоња вчера успеа да одигра 0:0 против Милан во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостинскиот тим храбро се бореше на „Сан Сиро“ и на крајот успеа да ја зачува својата мрежа и покрај 33-те удари кои ги имаше Милан. После натпреварот до фудбалерите се обратил тренерот Синиша Михајловиќ кој е во болница поради втората борба со леукемијата.

„Синиша разговараше со екипата после натпреварот, се слушнавме преку видео-повик. Беше задоволен од прикажаното, тој е горд и среќен за тоа што го прикажавме. Ни порача да не се откажуваме во ниту еден момент и да се бориме како што тој се бори“, изјави по натпреварот Емилио Де Лео еден од помошниците на Михајловиќ.

Ќе потсетиме Михајловиќ мораше да оди повторно на лекување откако му се врати леукемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Далиќ најави заминување и порача: Малите двапати направија чудо, сега не смееја

По цели девет години, Златко Далиќ се повлекува од позицијата селектор на Хрватска. Јавно …