Tренерот на фудбалерите на Болоња Синиша Михајловиќ се огласи денес после најавите од медиумите дека може да ја напушти клупата на италијанскиот тим.
Во последните денови се почесто се споменува можно заминување на Михајловиќ од клупата. Свој коментар на оваа тема сега даде и српскиот стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште не сум разговарал со претседателот Сапуто, но ќе го направиме тоа после денешниот тренинг. Секој има своја вистина, јас еедна, другите имаат неколку. Секој ги гледа работите на свој начин и кога разговарате со работодавец нормално е да е така. Би останал во Болоња, убаво ми е тука. Не сум тука само затоа што добро заработувам, туку затоа што сакам да се забавувам и затоа што сум амбициозен и искрен…Што мислам тоа и го кажувам“, изјави српскиот стратег.
Болоња во еден момент беше и на осмата позиција во Серија А, но сега повторно паднаа табелата после низата слаби резултати. Како потенцијален наследник на Михајловиќ се споменува Џенаро Гатузо.