Дома Останати Ракомет Mитревски: Не смееме да ја потцениме Романија

Mитревски: Не смееме да ја потцениме Романија

Во полн состав македонската најдобра репрезентација тренира и се подготвува за Романија.

Пред овој натпревар зборуваше голманот Никола Митревски кој има искуство со играњето во Романија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека можеме да одговориме на задачите кои од нас ги бара стручниот штаб. Треба да го дадеме најдоброто од себе и во двата натпревари за да се пласираме во следниот бараж. Сигурно дека не смееме да ја потцениме Романија која има квалитетни играчи, а исто така подолго се подготвуваше од нас за овој дуел. Сакам публиката утре да биде нашиот осми играч“.

„Поголемиот дел играчи кои ќе бидат во составот ги имав како противници во Романија. Сепак, Бранче Ангеловски во Романија беше подолго од мене и ги познава сите играчи. Верувам дека имаме доволно информации за нивните квалитети“, изјави Митревски.

Последен пат Македонија и Романија играа во 2019 година на „Трофеј Карпати“ и тогаш Македонија токму благодарение на добриот настап на Митревски победи со 24:20. Ќе потсетиме дека со Романија игравме и во баражот за СП 2019, тогаш во Скопје победивме со 32:24, а во Клуж изгубивме со 25:26.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…