Дома Фудбал Останато Mирчеа Луческу: Не сум кукавица, останувам во Украина

Mирчеа Луческу: Не сум кукавица, останувам во Украина

Tренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу порача дека нема намера да ја напушти Украина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Романскиот стратег нема да ја напушти својата татковина откако руската војска влезе во источниот дел на Украина. Луческу ќе остане да живее во тренинг-центарот на Динамо иако сите спортски натпреварувања во Украина се суспендирани на најмалку 30 дена.

„Нема да го напуштам Киев за да се вратам во Романија. Не сум кукавица. Се надевам дека одговорните ќе ја средат оваа ситуација и брзо ќе ја запрат војната. Никогаш не помислив дека во денешниот свет е можно вакво нешто“, изјави Луческу.

Ќе потсетиме, Луческу беше во Украина и во 2014 година кога започна „граѓанската војна“. Тогаш беше тренер на Шахјтор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското …