Дома Македонски спорт Мак фудбал Mилевски: За жал имаме фудбалери кои воопшто немаат минутажа

Mилевски: За жал имаме фудбалери кои воопшто немаат минутажа

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра првиот од двата пријателски натпревари во Анталија, а протинвик ќе биде селекцијата на Молдавија.

Денес селекторот Благоја Милевски ја одржа прес-конференцијата пред овој натпревар и најави дека натпреварот ќе го искористи за пробување нови варијанти, а минутажа ќе добијат сите во составот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако дека можам да изразам задоволство од виденото кај момците за овие три дена, што се однесува до работната атмосфера. За жал Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари.

И пред овој собир како и претходно проблем е минутажата на фудбалерите во клубовите.

Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал имаме фудбалери кои воопшто немаат минутажа, ама навиканите сме на тоа. Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, останатото што го покажуваат на собир, момците без разлика на натпреварувачката форма секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив.

Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти“, изјави Милевски.

Натпреварот против Молдавија се игра во терминот од 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија без Велковски против Хрватска и Чешка?

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски нема да настапи во неделниот натпревар за…