Дома Македонски спорт Мак фудбал Mилевски: Важно е да останеме на првото место, не е важно како

Mилевски: Важно е да останеме на првото место, не е важно како

Селекторот Благоја Милевски денеска ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Ерменија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот против Ерменците ќе биде клучен во битката за првото место, а ние сме во поволна позиција и ни одговара дури и минимален пораз.

„Пред почетокот на овој октомвриски циклус од Лигата на нации, целта ни беше да останеме на првото место. Не е важно како ќе дојдеме до таа цел, важно е да ја оствариме. Комплетно сме фокусирани на Ерменија и на тоа како треба да излеземе на терен. Не сакаме да мислиме на комбинациите, за тоа ќе размислуваме во ноември. Секој меч е различен. Утрешниот ќе биде различен од оној пред три години, но и од последниот кој минатиот месец го игравме со нив. Ерменците ни се како судбина, квалитетни се и не смееме да ги потцениме“, рече Милевски на денешната прес-конференција.

Натпреварот се игра од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Неверојатниот Африканец одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

ЈАН ДИОМАНДЕ (19), репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, го избра Пари Сен-Жерме…