Дома Македонски спорт Mилан ја спрема понудата за Елмас!

Mилан ја спрема понудата за Елмас!

Eден од најпознатите турски весници „Созчу“ објави дека новиот италијански шампион, Милан би можел наскоро да испрати официјална понуда за Елиф Елмас.

И претходно низ италијанските медиуми Милан се споменуваше како заинтересиран клуб за Елмас, меѓутоа конкретна понуда немаше. Сега се најавува дека тоа може да се случи и во Неапол да пристигне понуда од 35 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваков трансфер посакува да се случи и Фенербахче кој ќе добие 10% од трансферот на Елмас. Летото 2019 година кога Елмас пристигна во Наполи од трускиот гигант договорени беа и бонуси од кои Турците добија дополнителни 1.5 милион евра.

Според информациите Паоло Малдини и тренерот Стефано Пиоли покажале голем интерес за македонскиот фудбалер. Наводно, најмногу им се допаѓа тоаш то може да игра на повеќе позиции во средниот ред. Претходно медиумите во Италија пишуваа дека Де Лаурентис нема да прави проблем со продажбата на Елмас ако пристигне адекватна понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…