Дома Топ вести Mилан со последен напад: „Земи или остави“ понуда за Милинковиќ Савиќ!

Mилан со последен напад: „Земи или остави“ понуда за Милинковиќ Савиќ!

Играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ е еден од најбараните играчи ова лето кои се уште не го промениле клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За услугите на српскиот фудбалер интерес покажаа неколку европски гиганти како што се ПСЖ, Јувентус и Милан, но засега ниту една понуда не ги задоволи апетите на претседателот на Лацио Клаудио Лотито.

Како што денес пренесуваат италијанските медиуми на адреса на клубот од Рим пристигнала уште една понуда од Милан. Според италијанските медиуми ова ќе биде последна понуда од некој италијански клуб со оглед на тоа дека преодниот рок во Италија е отворен уште два дена.

Техничкиот директор, Леонардо на Милан наводно доставил понуда до Лацио за позајмица од 40 милиони и опција за откуп на договорот наредното лето за дополнителни 80.

Сепак, очекувањата на италијанските медиуми се Лотито да ја одбие оваа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…