Фудбалерите на Милан oтпатуваа во Соединетите Американски Држави на подготовките за новата сезона, Таму ги очекуваат неколку натпревари, меѓу другите ќе играат против Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.
Дивок Ориги и Анте Ребиќ не отпатуваа со тимот, објави Фабрицио Романо. Двајцата, како што пишува, се слободни да изберат нова средина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ориги минатата сезона им се приклучи на „росонерите“ од Ливерпул и за тоа време забележа 36 настапи, два гола и една асистенција. Тој има договор до 2026 година, но клубот не е задоволен од прикажаното.
Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ е во Милан од 2020 година, а минатата сезона на 31 настап забележа три гола и две асистенции. Ребиќ потпиша договор за соработка со Милан до 2025 година, но се чини дека по пет години е време за разделба.
Исто така Бало Туре кој според Романо е прв на „листата за отстрел, не патува со тимот бидејќи се преговара околу неговата продажба. Минатата сезона Туре собра 14 настапи.
Divock Origi and Ante Rebic, not part of AC Milan squad travelling for pre season tour as they're both currently available on the market. 🔴⚠️
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 20, 2023
Ballo Touré also remains out of the squad as talks are taking place to sell him asap. pic.twitter.com/EtCaYCGXDx