Италијанските медиуми денес објавија дека Милан доставил понуда до Донарума за нов договор со плата од осум милиони евра што е зголемување за два во однос на сегашните шест.
Сепак, одговор од Раиола и младиот голман се уште нема. Најавен е сосотанок на двете страни после кој се очекува работите да бидат појасни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Додека Милан и Донарума преговараат во медиумите во Италија се шпекулира за можни наследници на Донарума. Последните информации го поврзуваат Милан со три имиња.
На листата на желби на „росонерите“ се наоѓаат Мајк Мењан од Лил, Хуан Мусо од Удинезе и Пјерлуиџи Голини.
Секако, сите тројца се резервни опции во случај да пропаднат преговорите со Донарума.