Милан денес во одличен натпревар во 20. коло го победи Удинезе со 3:1
Екипата на Милан во овој натпревар влезе со една мини серија од три натпревари без премине гол. Милан ремизираше со Сампдорија (0:0), славеше против Каљари со 0:2 и го победи СПАЛ во купот со 3:0 (не ја сметаме победата на тренинг мечот со Роденсе) . Денес „росонерите“ примија два гола но најважно е што запишаа три бода .
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Работите не започнаа добро за Милан затоа што Ларсен во 6. минута го доведе Удинезе до предност од 0:1. Со таа предност гостите заминаа на полувреме.
Во вториот дел гледавме многу подобар фудбал. Клучниот момент Пиоли го направи кога на стартот од вториот дел во игра го стави Ребиќ. Само две минути подоцна Хрватот изедначи на 1:1. Тео Ернандез уште еднаш ја потврди одличната форма и во 71. минута постигна гол за водство. Удинезе изедначи во 85. преку Ласања.
Победата на Милан ја донесе Ребиќ со голот во 93. минута.
Илија Несторовски за Удинезе одигра десетина минути, во игра влезе во 79. минута.