Дома Топ вести Mиланско дерби за македонскиот „дијамант“ – и Интер го сака Елмас!

Mиланско дерби за македонскиот „дијамант“ – и Интер го сака Елмас!

Kaко што се наближува крајот на сезоната така се зголемуваат и гласините за можен трансфер на Елиф Елмас, откако пред два дена се појави вести Милан го сака македонскиот „дијамант“ сега се појавија шпекулации и дека Интер може биде конкурент на градскиот ривал.

Италијанскиот новинар Армандо Арениел тврди дека Интер влегол во трката за Елмас и ќе се бори со Милан за неговиот потпис. Под водство на Спалети Елмас ја игра неговата најдобра сезона во Наполи, а како најголема предност медиумите во Италија го истакнуваат тоа што Елиф може да игра на било која позиција во средниот ред.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оштетата која ја бара Наполи ќе биде над 30 милиони евра, но сумата би можела да се намали ако некој играч биде вклучен во трансферот. Кога е Милан во прашање се шпекулираше дека тоа може да биде Ребиќ.

За Елмас интерес сигурно има од повеќе страни, а ќе видиме какви ќе бидат плановите на Наполи и дали ќе се реши да го задржи во својот тим и за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Иско: По фантастичната сезона го пропушта Европското првенство

Иско (32) направи голем пресврт оваа сезона и го игра можеби најдобриот фудбал во животот …