Дома Фудбал Mеси го доби најголемото каталонско признание па со однесувањето ги налути Каталонците (ВИДЕО)

Mеси го доби најголемото каталонско признание па со однесувањето ги налути Каталонците (ВИДЕО)

Лионел Меси на гала вечерта во Барселона го доби крстот на Светиот Јурј, најголемото признание на Владата на Калонија кое се доделува од 1981 година.

На првата ѕвезда на Барселона наградата му ја предаде каталонскиот претседател Ким Тора, а Меси така стана само вториот фудбалер после Јохан Кројф кој го добил ова престижно признание.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меси го освои поради спортските достигнувања, хуманитарната работа и доприносот во каталонското друштво.

Меѓутоа откако го доби големото признание Меси тоа исто каталонско друштво го разочара со своето однесување.

Кремот на каталонското друштво ја искористи оваа свеченост за да испрати уште една порака до Мадрид и започнаа со скандирање „слобода за политичките затвореници“ (уапсените поради борбата за независност на Каталонија). Скандирањето беше проследено и со аплаудирање.

Додека сите околу него во салата аплаудираа и скандираа Меси беше единствен кој не го правеше тоа.

Поради тоа што стоеше на подимот таквата реакција на Меси беше забележителна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…