Дома Фудбал Mеси ги разочара Аргентинците – се повлече од репрезентацијата

Mеси ги разочара Аргентинците – се повлече од репрезентацијата

Ѕвездата на Барселона и најдобриот аргентински играч Лионел Меси се повлече од репрезентацијата.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека Меси донел одлука и истата веќе му ја соопштил на привремниот селектор, Пабло Скалони.

Меси нема да биде во тимот на „Гаучосите“ сигурно до крајот на годината, а не е исклучена можноста и конечно да ја напушти селекцијата на Аргентина.

„Меси нема да настапува за Аргентина до крајот на годината. Тој не ја завршува репрезентативната кариера, но одреден период нема да му биде на располагање на селкторот. Кога ќе се врати, ќе дознаеме подоцна“, напиша на својот Твитер профил аргентинскиот новинар, Ернан Кастилјо.

Првиот играч на Аргентина ќе ги пропушти натпреварите против Гватемала и Колумбија на 7 и 11 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри бара одговор од Наполи: Рома доаѓа во налет, но ова не е последната битка

Наполи го пречекува непоразениот тим на Гасперини по поразот од Венеција. Алегри бара подо…