Дома Фудбал Останато Mурињо: Феликс не може да побегне од одговорноста, а Атлетико мора да оди по Ла Лига и ЛШ

Mурињо: Феликс не може да побегне од одговорноста, а Атлетико мора да оди по Ла Лига и ЛШ

0

Жоао Феликс ова лето пристигна од Бенфика во Атлетико Мадрид за сума од 126 милиони евра.

Младиот 19 годишен фудбалер пристигна во редовите на шпанскиот клуб како големо засилување и тоа веднаш започна да го покажува и на теренот, а во последниот пријателски натпревар против Јувентус постигна два гола.

Жозе Мурињо во едно интервју порача дека Феликс не може да побегне од одговрноста после големиот трансфер.

„Тој со својот талент и вложувањето кое го направи Атлетико во него има одговорност. Верувам дека не може да побегне од таа одговорност. Не е важно дали имате 18. 20 ил и 25 години,  кога имате таков талент и сте толку платени не можете да побегнете“, изјави Мурињо, а потоа зборуваше за целиот тим на Атлетико.

„Нивните вложувања кажуваат дека тие мораат да одат на освојување на Ла Лига или Лигата на шампионите. Секако, тука се Реал Мадрид и Барселона со огромниот економски потенцијал. Меѓутоа Атлетико покажа дека може да се нив. Вистинско време е Атлетико да каже – тука сме и сакаме да победуваме“, заврши португалскиот стратег.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачка на Звезда помеѓу толпа навивачи го крена горниот дел и покажа се (ВИДЕО)

Вчера Црвена Звезда забележа одличен резултат и на гости против Јанг Бојс одигра 2:2. Во Б…