Жоао Феликс ова лето пристигна од Бенфика во Атлетико Мадрид за сума од 126 милиони евра.
Младиот 19 годишен фудбалер пристигна во редовите на шпанскиот клуб како големо засилување и тоа веднаш започна да го покажува и на теренот, а во последниот пријателски натпревар против Јувентус постигна два гола.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Жозе Мурињо во едно интервју порача дека Феликс не може да побегне од одговрноста после големиот трансфер.
„Тој со својот талент и вложувањето кое го направи Атлетико во него има одговорност. Верувам дека не може да побегне од таа одговорност. Не е важно дали имате 18. 20 ил и 25 години, кога имате таков талент и сте толку платени не можете да побегнете“, изјави Мурињо, а потоа зборуваше за целиот тим на Атлетико.
„Нивните вложувања кажуваат дека тие мораат да одат на освојување на Ла Лига или Лигата на шампионите. Секако, тука се Реал Мадрид и Барселона со огромниот економски потенцијал. Меѓутоа Атлетико покажа дека може да се нив. Вистинско време е Атлетико да каже – тука сме и сакаме да победуваме“, заврши португалскиот стратег.