Дома Фудбал Останато Mијатовиќ: Со цело срце ќе навивам за Македонија на ова Европско

Mијатовиќ: Со цело срце ќе навивам за Македонија на ова Европско

Една од најголемите легенди на Црна Гора, Предраг Мијатовиќ објави дека со цело срце ќе навива за Македонија на Европското првенство кое стартува денес.

Во изјава за српски „Блица“ Мијатовиќ откри дека нашиот селектор Игор Ангеловски е негов голем пријател и дека тоа е една од причините поради која со цело срце ќе навива за Македонија.

„Самото учество на Македонија на ЕП е голем подвиг. Тоа треба да се почитува максимално. Штом сте во таква конкуренција и кога станува збор за ваква репрезентација, тогаш сè е можно. Можно е да изненадат. Со целото срце ќе навивам за Македонија. Нивниот селектор ми е мој пријател и сигурно дека ми е драго што стигнаа до ваков успех. Секако, сакам и Хрватска далеку да стигне“, изјави Мијатовиќ.

Европското првенство Македонија го стартува во недела со натпреварот против Австрија, на 17. не чека дуелот со Украина, а на 21. ја завршуваме групната фаза против Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…