Баерн Минхен вчера го декласираше Динамо Загреб со неверојатни 9:2 и тоа беше првпат еден тим на прими девет голови во натпревар од Лигата на шампионите.
Во овој натпревар срушени беа повеќе рекорди, но свој рекорд запиша и германскиот ветеран Томас Милер.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Имено, овој натпревар за Милер беше 152. во дресот на Баерн во елитното европско натпреварување. Со оваа бројка тој го надмина Чави Ернандез кој за Барселона одигра 151 натпревар. Станува збор за рекорд поставен со настапи за еден тим.
Првиот натпревар во Лигата на шампионите, Милер за Баерн го одигра во 2009 година, а со баварците стигна и до две европски титули.