Дома Македонски спорт Мак фудбал Mилевски со предлог до АМС: Ристовски, Барди и Елмас да се номинираат за „Спортист на годината“

Mилевски со предлог до АМС: Ристовски, Барди и Елмас да се номинираат за „Спортист на годината“

Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог номинациите за избор на „Спортисти на годината“ во организација на АМС.

На предлог на селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата „Спортист на годината“,


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија ги номинираше 1. Стефан Ристовски, 2. Елиф Елмас и 3. Енис Барди.

Во дописот до Агенцијата за млади и спорт, селекторот на нашиот најдобар национален состав, Благоја Милевски даде свое објаснување во однос на номинациите за тројцата наши репрезентативци.

1.Стефан Ристовски – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022.

Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за освојување на шампионската титула во хрватското првенство со Динамо Загреб и придонес во освојувањето на Националниот куп со Динамо Загреб;

Придонес во одиграните натпревари за Динамо Загреб во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони; 

 2. Елиф Елмас – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграниот бараж натпревар за СП 2022.

Финале од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за Наполи (Италија) во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации;

3. Енис Барди – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022.

Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …