Дома Македонски спорт Mилевски: Само резултатот е она од што не сум задоволен

Mилевски: Само резултатот е она од што не сум задоволен

Македонската фудбалска репрезентација денес беше поразена од Украина во Прага со 2:0, иако нашите фудбалери одиграа еден солиден натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот селекторот Благоја Милевски истакна дека е горд на своите фудбалери, но сепка жали за пропуштените прилики.

„Мислам дека сите кои беа на трибините уживаа во натпреварот, Украина и Македонија одиграа одличен натпревар. Горд сум на моите фудбалери и начинот на кои одиграа. Нашата реакција по примениот гол беше одлична. Во второто направивме измени и бевме доминантни, но не ги искористивме нашите шанси. Само резултатот е она од што не сум задоволен“, изјави Милевски.

До крајот на квалификациите, Македонија ќе игра дома против Англија и на гости против Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…