Дома Македонски спорт Mилевски: Македонија секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија

Mилевски: Македонија секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија

Maкедонската фудбалска репрезентација утре ќе игра пријателски натпревар против Ерменија во Струмица.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Селекторот Благоја Милевски најави дека ќе им даде шанса на фудбалерите кои треба да го потврдат потенцијалот.

“За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор“.

Кој ќе стартува, Милевски ќе одлучи пред почетокот.

Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне. Контролниот меч против Ерменија која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија.

Натпреварот се игра во терминот од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Алонсо означи еден фудбалер како недопирлив во Челси

Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Челси веќе донесе први јасни чекори во врска со пла…