Французинот Килијан Мбапе беше блиску да го напушти ПСЖ како слободен агент меѓутоа во последен момент се одлучи да го продолжи договорот и да стави потпис на соработка со „светците“ до 2025 година.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Потписот на Мбапе дојде како изненадување затоа што многумина веќе го видоа во дресот на „кралевите“. Сега Мбапе зборуваше за медиумите и го стави клубот на прво место истакнувајќи дека тој е само еден дел од сложувалката.




„ПСЖ за мене е многу важен. Претходно можеби не го покажував тоа на вистински начин. Сакам да се претставам со добри настапи, клубот ми значи навистина многу и тоа сите добро го знаат.




Јас сум дел кој влегува во овој проект, не бев основата. Клубот е на прво место, ПСЖ не е мој проект, постоел и ќе постои после мене“, изјави Мбапе.