Дома Фудбал Mбапе откри кога ќе ја објави својата одлука!

Mбапе откри кога ќе ја објави својата одлука!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе на прес-конференцијата пред натпреварот со Германија изјави дека до почетокот на Европското првенство ќе знае каде ќе игра следната сезона.

Мбапе (25) пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако. За клубот од Париз оваа сезона одигра 31 меч во сите натпреварувања и постигна 32 гола.

Францускиот репрезентативец има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и повеќе пати одбиваше да ја продолжи соработката, бидејќи наводно се согласил да се пресели во Реал Мадрид на крајот од сезоната.

До почетокот на Европското првенство ќе знам каде ќе играм. Ќе бидам фокусиран на ЕП кога ќе дојде време. Сега сум сконцентриран на она што нè чека, а тоа е Германија. За мене тоа сега не е тема на размислување.

Фокусиран сум на тоа како да постигнам хет-трик, тоа ми значи повеќе отколку да размислувам дали ќе останам или не. Сите во репрезентацијата размислуваме што нè чека“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…