Дома Фудбал Mбапе на Реал му поставил еден услов – „кралевите“ го прифатиле

Mбапе на Реал му поставил еден услов – „кралевите“ го прифатиле

Дел од француските медиуми повикувајќи се на шпанскиот „Ел Чирингуито“ кој често пати знае да има ексклузивни информации тврди дека Килијан Мбапе до Реал Мадрид поставил услов кој „кралевите“ го прифатиле.

Наводно, Мбапе од Реал побарал во клубот да биде доведен и неговиот помлад брат Итан Мбапе кој има 17 години.

Итан Мбапе сезонава за ПСЖ одигра само една минута кога влезе на теренот против Мец во завршницата. Натпревар кој францускиот гигант го доби со 3:1.

„Пред неколку дена семејството на Мбапе и самиот Килијан побараа од Реал да го ангажира Итан. Реал се согласи“, објави новинарот Едуардо Инда.

Денеска исто така се појавија информации ПСЖ преку емирот од Катар и францускиот претседател Емануел Макрон ќе го убедува Мбапе да остане, меѓутоа тие информации подоцна беа демантирани (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…