Дома Фудбал Mбапе: Да, кажав дека Нејмар е клошар

Mбапе: Да, кажав дека Нејмар е клошар

Како што стојат работите Килијан Мбапе изгледа ја игра последната сезона во редовите на ПСЖ.

Реал Мадрид се обидуваше да го доведе ова лето и не успеа. Сепак, наредното Мбапе ќе биде слободен агент и клубот од Париз нема да има начин да го задржи. Во вчерашното интервју за „Л’Eкип“ Мбапе призна и дека го нарекол Нејмар „клошар“, но дека се било во афект и за него таквото однесување на теренот е нормално.

„Да, кажав дека Нејмар е клоша затоа што не бев задоволен од едно негово додавање. Тоа е нормално во фудбалот, зборувавме и нема проблеми меѓу нас. Кога сакаш да победиш, а не ти оди доаѓа до фрустрација и може да се случи на секого, веројатно и повторно ќе се случи во иднина. Нејмар е мој соиграч и секако дека го почитувам и како играч и како човек“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ајакс со шест гола го растури Митјиланд, Арокодаре блесна со два погодока и асистенција

Ајакс победи со 6-1 на гостувањето кај Митјиланд во Конференциската лига. По 1-1 на полувр…