Дома Фудбал Лука Модриќ има нов план: Ќе го напушти Реал Мадрид, но ќе остане во Европа?

Лука Модриќ има нов план: Ќе го напушти Реал Мадрид, но ќе остане во Европа?

Судбината на Лука Модриќ во Реал Мадрид и натаму е под знак на прашање, а се повеќе извори наведуваат дека хрватскиот маестро би можел наскоро да донесе изненадувачка одлука и да остане во европскиот фудбал – но надвор од Мадрид.

На Модриќ договорот со Реал му истекува средината на јули, по завршувањето на Светското клупско првенство, и досега не е потврдено дали клубот ќе му понуди продолжување на соработката.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Иако во клубот е веќе повеќе од деценија и има статус на најтрофеен играч во историјата на Реал, го чека 40-тиот роденден и сериозно се разгледуваат промени во тимот.

Без оглед на годините, Модриќ и натаму покажува класа. На неодамнешниот натпревар против Мајорка блескаше и доби висока оценка од 8.6 според Sofascore – една од најдобрите оваа сезона.

Сепак, шпанските медиуми наведуваат дека тоа можеби нема да биде доволно да ги промени плановите на раководството на клубот. Фокусот на управата е на обновување на клучните позиции, вклучувајќи го и средниот ред, што потенцијално ги намалува шансите за негово останување.

Според тврдењата на шпанскиот новинар Ману Карењо, во игра се и други дестинации. Иако доби понуди од Саудиска Арабија и Соединетите Држави, Модриќ наводно не е заинтересиран за тие опции.

Наместо тоа, сака да остане во Европа, а како можна нова дестинација се спомнува Италија – поточно, клуб од Серија А.

Конечната одлука може да зависи и од новиот тренер на Реал, веројатно тоа ќе биде Чаби Алонсо, поранешен соиграч на Модриќ.

Целта на Модриќ е јасна – да игра на Светското првенство 2026 година и таму да ја заврши репрезентативната кариера. Токму затоа му е важно да остане во врвно европско натпреварување за да ја задржи својата форма и да конкурира за повик од селекторот Златко Далиќ.

Фото: Real Madrid C.F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид нуди нов договор на Куртоа

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Тибо Куртоа со идеја да го задржи до 2028 година, …