Дома Моторспорт Луис Хамилтон ќе додаде уште едно презиме

Луис Хамилтон ќе додаде уште едно презиме

Британскиот возач Луис Хамилтон е еден од најдобрите во Формула 1, а денеска објави дека ќе направи промена во неговото име и презиме.

Хамилтон во чест на својата мајка реши на своето име и презиме да го додаде и презимето на неговата мајка Ларбалестиер.

„Многу сум горд на моето презиме, ќе го додадам презимето на мајка ми во моето. Не ја разбирам во целост таа идеја жените да го губат презимето кога ќе се венчаат“, вели возачот на Мерцедес.

Таткото на Хамилтон, Ентони и неговата мајка Кармен се разделиле кога легендарниот Британец имал само две години. Хамилтон во текот на кариерата освои седум титули во Ф1, а следната сезона ќе ја брка рекордната осма титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…