Дома Фудбал Лудо: Нејмар од никаде може да стане побогат за – милијарда долари!

Лудо: Нејмар од никаде може да стане побогат за – милијарда долари!

Популарниот бразилски фудбалер Нејмар неочекувано се најде како единствениот наследник на богатство вредно речиси милијарда долари, пренесуваат бразилските медиуми. Оваа невообичаена одлука доаѓа од човек со кој Нејмар никогаш не се сретнал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бизнисменот од Рио Гранде до Сул кој почина во јуни 2025 година, го оставил целиот свој имот на 33-годишниот напаѓач преку својот тестамент.

Неговиот имот се проценува на околу милијарда долари, а тестаментот е потврден во една нотарска канцеларија во Порто Алегре, во присуство на двајца сведоци и заменик на нотар. 

Починатиот бизнисмен, кој сиот свој живот го поминал сам, без семејство, во својата изјава нагласил дека ја донел оваа одлука “со целосна свест и без никаква присила”.

“Ги симпатизирам Нејмар. Во многу работи се гледам себеси во него. Не е себичен, што е денес реткост“, напишал оставителот, дополнувајќи дека врската на фудбалерот со неговиот татко го потсетува на неговата сопствена врска со неговиот родител.

Нејмар сѐ уште не дал изјава за овој неочекуван развој, а последниот збор дали навистина ќе стане наследник, ќе го имаат бразилските судови. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …