
Кошаркарите на Сан Антонио Спарс ја совладаа на свој терен екипата на Бруклин Нетс со резултат 118:107 и така ја остварија третата победа во трите одиграни натпревари од новата сезона на НБА лигата.
Спарс подобро го отворија мечот и по првата четвртина имаа предност од седум поени. До полувремето само го зголемија темпото, па првиот дел заврши со резултат 69:48.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Нетс се разбудија во второто полувреме кога ја намалија разликата на само седум поени пред последната четвртина. Сепак, немаа ниту сили ниту време за целосен пресврт, па Спарс мирно го приведоа натпреварот до крај и остварија нова победа. Виктор Вембањама повторно одигра одличен меч во кој постигна 31 поен, а на тоа додаде 14 скокови, четири асистенции, три украдени топки и шест блокади. Во првите три натпревари од сезоната има просек од 33 поени, 13 скокови и шест блокади, па иако е сѐ уште рана фаза од сезоната, веќе на социјалните мрежи и меѓу навивачите се споменува како кандидат за МВП.
Вечерва поддршка имаше од Харпер кој постигна 20 поени, додека кај Нетс единствен на ниво беше Томас со 40 поени.
Сан Антонио е прв на Западната конференција со три победи и без пораз, додека Бруклин е последен на Истокот со скор 0-3.
VICTOR WEMBANYAMA IS UNREAL
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 26, 2025
WHAT IS THIS?!? 🔥🔥🔥🔥
pic.twitter.com/FrkOxqPRwe