Дома Моторспорт Луди квалификации во Монца: Раиконен стигна до пол позиција

Луди квалификации во Монца: Раиконен стигна до пол позиција

Возачот на Ферари, Кими Раиконен ја освои пол позицијата во квалификациите за Големата награда на Италија на патеката во Монца.

Лудите квалификации во Монца ни донесоа многу возбудувања во самиот финиш. Луис Хамилтон во последниот круг влезе со најдобро време, но „со звукот“ на сирената го престигнаа двата болида на Ферари.

Прво Себастијан Фетел дојде на првата позиција, но неговата радост траеше само неколку секунди, бидејќи Раиконен постави најдобро време со резултат 1:19.119 и ја освои пол позицијата.

Зад двата болиди на Ферари ќе стартуват Хамилтон и Ботас од Мерцедес и ако се суди според квалификациите не очекува навистина спектакуларна трка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…