Дома Трансфер зона „Луд“ трансфер ден во Милан: Доаѓа Жоао Феликс, заминуваат Окафор и Бенасер

„Луд“ трансфер ден во Милан: Доаѓа Жоао Феликс, заминуваат Окафор и Бенасер

Милан и Челзи постигнаа договор за трансфер на Жоао Фелекс, кој на Сан Сиро ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната.

Феликс има договор со Челзи до јуни 2030 година. Позајмицата Милан ќе ја плати пет милиони евра. Во договорот не постои клаузула за откуп на договорот, двата клуба на лето повторно ќе седнат на преговарачка маса за откупот.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Место во тимот на Феликс ќе му направи Окафор, кој е пред трансфер во Наполи на позајмица со право на откуп за 25 милиони евра.

Милан е исклучително активен на трансфер пазарот, па е пред договор со Марсеј за трансфер на играчот за врска Исмаил Бенасер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…