
Арон Гордон е неизвесен за клучниот натпревар на Денвер против Оклахома. Според извори од „ЕСПН“, на крилото на Нагетс му е утврдена повреда на задната ложа, а неговото учество во 7. натпревар против Оклахома Сити Тандер е неизвесно.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гордон ја закачи повредата во шестиот меч од плејофот на НБА лигата, кога Денвер Нагетс во својата домашна Бол Арена триумфираше над Оклахома Сити Тандери со 119:107 и обезбеди одлучувачки дуел.
Камерите го забележаа Гордон на крајот од натпреварот како се држи за задната ложа, а подоцна беше јасно дека шепоти и се движи побавно отколку обично.
Одлучувачкиот натпревар за пласман во финалето на Западот помеѓу Оклахома и Денвер ќе се игра во недела од 21.30 часот по наше време.
Фото: Grok AI