Дома Фудбал Лопетеги веќе не е тренер на Вест Хем, на негово место доаѓа Потер

Лопетеги веќе не е тренер на Вест Хем, на негово место доаѓа Потер

По неколку дена преговори со новиот кандидат, Вест Хем се сети прво да му даде отказ на актуелниот тренер, Хулен Лопетеги.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа што се најавуваше некое време, сега стана официјално. Клубот од источен Лондон објави дека Лопетеги повеќе не е главен тренер на тимот од Премиер лигата, но се уште не го официјализираше доаѓањето на новиот тренер.

„Чеканите“ се најдоа во непријатна ситуација на табелата. Во моментот се само на 14. позиција со само 23 бода што не беше ниту блиску до очекуваното на почетокот на сезоната. Лопетеги не ги исполни очекувањата ниту на навивачите, ниту на управата, па челниците од лондонскиот клуб решија да побараат друг тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на …