Рома сеуште е во трка за титулата, иако многу заостанува зад Јувентус, игра во Лига Европа, но што и да се случи Спалети одличил да ја напушти „волчицата“ на крајот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Медиумите во Италија тврдат дека секојдневно се повеќе клубови се јавуваат кои се спремни да му понудат договор на Спалети, а последен во низата е Тотенхем.
Имено, „спарси“ на лето би можеле да останат без тренер доколку Маурисио Покетино биде избран од Барселона за заменик на Луис Енрике.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви е добар пријател со Сапалети и двајцата веќе имале првичен состанок на кој разговарале за можноста Италијанецот да седне на клупата на „спарси“.
Доколку Спалети ја напушти Рома како главни кандидати за клупата на „волчицата“ се споменуваат Гасперини, Еусебио ди Франческо и Марко Џампаоло.