Дома Фудбал Ливерпул залудно потроши 300 милиони: Кристал Палас го освои Комјунити Шилд (Видео)

Ливерпул залудно потроши 300 милиони: Кристал Палас го освои Комјунити Шилд (Видео)

Кристал Палас приреди вистинско изненадување и по драматична пенал-серија го совлада Ливерпул со 3-2, освојувајќи го својот прв трофеј во натпреварот за Комјунити Шилд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените“ влетаа моќно во мечот и уште во 4. минута поведоа со погодокот на Уго Екитике, но радоста траеше кратко – во 17. минута Жан-Филип Матета донесе израмнување за „орлите“. Веќе во 21. минута, Жереми Фримпонг со прецизен удар донесе пресврт за Ливерпул, но Кристал Палас не се предаде.

Во финишот од натпреварот, во 77. минута, Исмаила Сар погоди за 2-2 и натпреварот отиде во изведување на пенали. Таму, лондонскиот состав беше постабилен и со 3-2 ја запечати победата и трофејот, нанесувајќи му болен пораз на гигантот од „Енфилд“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…