Дома Фудбал Ливерпул продаде уште еден талент

Ливерпул продаде уште еден талент

Шкотскиот крилен напаѓач Бен Доак (19) ќе го напушти Ливерпул и ќе ја продолжи кариерата во Борнмут, кој за него ќе плати отштета во износ од 29 милиони евра.

Доак ја напушти младинската академија на Селтик во 2022 година на 17 годишна возраст и се пресели во фудбалската академија на Ливерпул, но во сениорска конкуренција одигра само десет натпревари за тимот од Енфилд Роуд.

Минатата сезона беше позајмен во второлигашкиот Мидлзбро и постигна три гола и седум асистенции, а ова за Ливерпул ќе биде уште една богата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбогатиот фудбалер во светот е слободен агент и си бара нов клуб

Фаик Болкија, сметан за најбогатиот фудбалер во светот поради огромното богатство на негов…