
Ливерпул јасно стави до знаење дека нема да прифати ниска понуда за колумбискиот напаѓач Луис Диаз, откако Барселона изрази интерес за негов ангажман.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Клубот од „Енфилд“ го смета Диаз за клучен дел од својата иднина и нема намера да го продаде освен ако не пристигне понуда која значително ја надминува пазарната вредност.
Според извештаите, Ливерпул ја поставил цената за Диаз помеѓу 120 и 140 милиони евра, што претставува сериозна пречка за Барселона, која се соочува со финансиски ограничувања.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, наводно бил изненаден од оваа сума и ја оценил како неприфатлива.
Фото: Принтскрин