
Како што се приближува летниот трансфер рок, шпекулациите стануваат се поинтензивни. Сега се појави информација дека можат да се договорат Ливерпул и Барселона.
Според информациите кои доаѓаат од Велика Британија, Ливерпул покажува голем интерес за Роналд Араухо.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Уругвајскиот репрезентативец е важен за Барселона, но ќе биде интересно да се види дали Барселона ќе го пушти за соодветна цена.
Роналд Араухо може да биде уште поважен играч во тимот на Ливерпул, особено кога не е решена иднината на Вирџил ван Дајк.
„Фичајес“ извести дека Ливерпул е подготвен да плати дури 100 милиони евра за потписот на Роналд Араухо, кој би можел да биде долгорочна замена за Холанѓанецот.
Челниците на Ливерпул би сакале да го задржат и Ван Дајк и да го доведат Роналд Араухо, за да ги спарат на стоперските позиции.
Иако Роналд Араухо се чини како големо име што му е потребно на Ливерпул во овој момент, не треба да се занемаруваат и другите проблеми кои ги имаат „Редсите“.
Тимот на Арне Слот неодамна го загуби финалето на Карабао купот од Њукасл, а испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите од ПСЖ.
Исто така, беа поразени од Фулам со 3:2 во последниот натпревар од Премиер лигата, иако се уште се фаворити за освојување на Премиер лигата пред Арсенал и другите тимови.
Сосема е сигурно дека Роналд Араухо би можел да биде добра опција, но ако чини 100 милиони евра, тоа можеби нема да остави доволно пари во буџетот за засилувања на други позиции.
Трент Александар-Арнолд речиси сигурно го напушта клубот во лето и приоритет ќе биде и доведувањето на нов десен бек.
Има простор и за засилувања во нападот, со оглед на тоа дека Дарвин Нунез не ги исполнува очекувањата на таа позиција.
Како и да е, останува да почекаме крајот на сезоната и да видиме што ќе се случи во летниот трансфер рок.
До тогаш има уште доста време и многу работи можат да се променат, а на Ливерпул му останува прво да ја обезбеди титулата шампион на Англија.
По 31 одиграно коло, Ливерпул е прв на табелата со 73 бода, додека второпласираниот Арсенал има 11 помалку. Нотингем Форест е трет со 57.