Дома Фудбал Ливерпул планира офанзива за Нико Шлотербек

Ливерпул планира офанзива за Нико Шлотербек

Ливерпул е заинтересиран за Нико Шлотербек, објави “Билд”. Англискиот клуб размислува да го купи дефанзивецот од Борусија Дортмунд како долгорочна замена за Вирџил ван Дајк. Договорот на холандскиот репрезентативец со шампионот на Англија истекува летото 2027 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Црвените” дури се заинтересирани да потпишат со германскиот репрезентативец во зимскиот трансфер период, но од “Сигнал Идуна Парк” исклучуваат таква опција. Германскиот клуб му нуди на Шлотербек продолжување на договорот, кој истекува на крајот од сезоната 2026-2027.

25-годишниот дефанзивец би можел да ја поврзе својата иднина со “жолто-црните” на долг рок. Фудбалерот сè уште не се согласил целосно, бидејќи сака да биде сигурен дека ќе се бори за освојување на трофеи во иднина и е решен да постигне подобри финансиски услови во својата спогодба.

Бајерн Минхен исто така покажува интерес за Шлотербек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …