Дома Фудбал Ливерпул не знае да запре, го договори и Гуехи – познати се деталите

Ливерпул не знае да запре, го договори и Гуехи – познати се деталите

Ливерпул и Кристал Палас постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Марк Гуехи во висина од 35 милиони фунти. Договорот предвидува фиксна сума, а дополнително е вклучена и клаузула со 10% од следната продажба на играчот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гуехи денеска во Лондон ги извршува медицинските прегледи, а доколку сè помине според планот, трансферот ќе биде официјализиран уште вечерва. Англискиот репрезентативец од почетокот на август има усогласени лични услови со „црвените“, а од самиот старт на преговорите неговата единствена желба била да се пресели на „Енфилд“.

Со ова засилување, Ливерпул ја потврдува својата стратегија за новата сезона, во која Марк Гуехи и Александар Исак треба да бидат клучни делови од планот за обновување на тимот и напад на највисоките цели.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…