Дома Фудбал Ливерпул донесе одлука за Мохамед Салах

Ливерпул донесе одлука за Мохамед Салах

Ливерпул убедливо го совлада тимот на Ајнтрахт од Франкфурт, а во таа победа немаше учество со голови или асистенции Мохамед Салах. Египетскиот напаѓач е во пад на форма, а Ливерпул донесе одлука која се однесува на продолжување на соработката со голгетерот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Салах е во пад на форма последно време, меѓутоа, на „Енфилд“ безусловно веруваат во неговиот квалитет и одлучија да не го продаваат Египќанецот во следниот период. Имаше шпекулации минатата зима дека Салах би можел да замине во Саудиска Арабија, но тоа не се оствари.

Тогаш „Египетскиот крал“ доби нов договор и Ливерпул планира да го задржи Салах до истекот на наведениот договор кој трае до 2027 година.

Салах против Франкфурт беше на клупата, а во игра влезе во 74. минута. Последниот гол го постигна против Атлетико Мадрид на 17 септември. Потоа не учествуваше при головите на неговиот тим во следните пет натпревари, вклучувајќи го и синоќешниот против германскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…