Дома Фудбал Ливаковиќ пред потписот на кариерата – се сели во Бундеслигата!?

Ливаковиќ пред потписот на кариерата – се сели во Бундеслигата!?

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ (30) е на излезните врати од Фенербахче, а турските медиуми наведуваат дека одличниот чувар на мрежата може да се пресели во Минхен. За неговите услуги е заинтересиран Баерн.

Турските медиуми објавија едно интересно име. Ливаковиќ ќе се пресели во Бундеслигата и тоа на голот на Баерн Минхен.

“Баерн Минхен е подготвен да го доведе Доминик Ливаковиќ на почетокот на новата сезона”, наведуваат турските медиуми со додавање дека Хрватот е одличен оваа сезона.

Оваа вест од Турција засега нема официјална потврда. Сепак, треба да се напомене дека 30-годишниот и претходните месеци беше поврзуван со великанот на германскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…