
Англиската фудбалска легенда Гери Линекер сподели дека Кристијано Роналдо го отстранил од листата на следачи на Инстаграм откако изразил мислење дека Лионел Меси е подобар фудбалер. Овој интересен момент го сподели во својот подкаст.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во епизода од подкастот “The Rest Is Football”, што го води заедно со други поранешни англиски фудбалери, Алан Ширер и Мика Ричардс, Линекер ги објасни причините зошто мисли дека Роналдо не му е наклонет. “Кристијано не ми е баш приврзаник. Тој ме отстрани од следачите на Инстаграм бидејќи сметам дека Меси е во целина подобар фудбалер,” изјави Линекер.
Ставот на Линекер не е изненадувачки, имајќи предвид дека во минатото беше напаѓач на Барселона и многупати јавно ги изразуваше своите симпатии кон Меси. Сепак, Линекер секогаш истакнува и голема почит кон кариерата и работната етика на Кристијано Роналдо.
Гери Линекер се смета за еден од најголемите напаѓачи на Англија и е вистинска легенда на репрезентацијата, постигнувајќи 48 гола во 80 натпревари. На Светското првенство 1986 година ја освои Златната копачка како најдобар стрелец на шампионатот, а по завршувањето на својата играчка кариера стана еден од најпрепознатливите телевизиски лица во британскиот спорт, познат како долгодишен водител на емисијата „Match of the Day“ на „Би-Би-Си“.