
Лос Анџелес Лејкерс и покрај тоа што во својот состав има две врвни ѕвезди, тимот сè уште не изгледа подготвен да се вклучи во борбата за шампионската титула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во утринскиот дерби-судир на Калифорнија, „езерџиите“ беа поразени од Голден Стејт со 123:116, пропуштајќи можност да се искачат повисоко на табелата по неуспехот на Денвер. Лејкерс остануваат на четвртата позиција во Западната конференција, а токму Воините би можеле да им бидат противници уште во првата рунда од плејофот, ако се задржи моменталниот распоред. На крајот, Кари мечот го заврши со 37 поени, додека Џејмс беше најдобар кај Лејкерс со 33 поени.
Во меѓувреме, слаба вечер имаше и Лука Дончиќ, кој постигна 19 поени, но прецизноста од далечина целосно го издаде – ги промаши сите шест обиди за три поени.