Дома Фудбал Левандовски си кажа што бара, сега на потег е Јувентус!

Левандовски си кажа што бара, сега на потег е Јувентус!

Скоро можеме да дознаеме и што ќе биде со иднината на Роберт Левандовски, одличниот напаѓач на Барселона чиј договор завршува наскоро со тимот на Камп Ноу стадионот.

Овој 37-годишен напаѓач посакува да остане во клубот, но не се исклучува можноста за трансфер во Италија, каде што се интересираат Интер, Милан и Јувентус.

Јувентус изгледа како најреална опција, бидејќи неизвесноста со Влаховиќ сè уште е присутна, а сега и италијанските медиуми открија колку бара полскиот напаѓач од Старата дама.

Се зборува за двегодишен договор, со вредност од осум милиони евра годишно.

Лева веќе ја отфрли можноста за преселба во МЛС лигата, но сè уште е заинтересиран за Саудиска Арабија, што се споменува исклучиво во полските медиуми.

Барселона ја подготвува својата понуда во наредните неколку денови, по што Полјакот конечно ќе одлучи каде ќе продолжи со својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан збесна по голот за победа на Франција, за малку ќе се повредеше (Видео)

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, не можеше да ја сокрие радоста откако Мајкл Олисе п…