Дома Моторспорт Леклерк постави нов рекорд на стазата во Австрија

Леклерк постави нов рекорд на стазата во Австрија

Полскиот возач на Ферари, Леклерк ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија.

Леклерк стигна до втората пол позиција во кариерата, но со извозените 1:03.003 постави нов рекорд на стазата.

Зад него заврши Луис Хамилтон од Мерцедес со 1:03.262, а третопласиран во квалифиациите заврши Макс Верстапен од Ред Бул со 1:03.439.

Потоа следуваат Ботас, Магнусен, Норис, Раиконен, Џовинаци, Пјер Гасли и на десетата позиција се пласира Себастијан Фетел од Ферари.

Трката за големата награда на Австрија се вози цо недела со почеток во 15.10 часот.

Да потсетиме, Фетел, Верстапен и Ботас имаа многу проблеми утрово на тренингот, особено Ботас и Верстапен бидејќи со болидите удрија во заштитната ограда откако изгубија контрола на стазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…